Кога една идеја се раѓа од вистинска грижа за другите, таа има моќ да остави многу поголема трага од еден ден или една ситуација - може да допре до цела заедница. Токму затоа, dm drogerie markt ги повикува здруженијата, организациите и другите непрофитни институции кои секојдневно вложуваат време, знаење и посветеност за подобро утре, да ги пријават своите проекти на платформата „Иднина која инспирира“.
Со овој повик, dm сака да им даде простор и поддршка на иницијативите што носат вистинска вредност за луѓето, ја поттикнуваат солидарноста и отвораат можности за активно вклучување на заедницата.
Што треба да знаат здруженијата, установите и институциите?
„Иднина која инспирира“ е создадена токму за оние што веќе препознаваат потреби во општеството и работат на конкретни решенија. Затоа, право на учество имаат регистрирани непрофитни правни лица, меѓу кои здруженија, организации, институции, установи, училишта и единици на локална самоуправа. Проектите што се пријавуваат треба да носат јасна вредност за заедницата и да бидат насочени кон три области: солидарност и меѓусебна поддршка, развој и напредок преку еднаквост, инклузија и образование, како и грижа за животната средина и дејствување во согласност со природата.
Особено важно е секој проект да подразбира волонтерски ангажман или да нуди можност за вклучување на волонтери. Секој подносител може да пријави и неколку проекти, а за секој од нив е потребно да се пополни посебен онлајн формулар. За избраните проекти, dm ќе обезбеди поддршка преку: финансирање на производи од dm асортиманот; финансирање на услуги и/или набавка на потребни материјали и опрема за реализација на проекти; директни уплати на сметката или комбинација од претходните ставки.
Како да се пријавите?
Пријавувањето се одвива преку платформата „Иднина која инспирира“, на следниот линк, каде што подносителите треба да достават детално разработен проект со временски план, буџет, тековна состојба од Централен регистар, а доколку е потребно и соодветни дозволи или одобренија од надлежни органи. По желба, може да се приложат и фотографии од проектот. За dm, важно е секоја пријава да биде јасна, целосна и внимателно подготвена, затоа што токму така добрите идеи добиваат можност да бидат препознаени и поддржани.
Рокот за пријавување е отворен до 31 јули 2026 година, а избраните проекти ќе бидат објавени од септември 2026 година.
Преглед на пријавените проекти
Сите навремено пристигнати и комплетни пријави ќе ги разгледува комисија составена од претставници на организаторот и надворешни експерти. Притоа, ќе се оценуваат корисноста на проектот за заедницата, неговата одржливост, квалитетот и оригиналноста, јасно поставените чекори за реализација, финансиската транспарентност, како и придонесот што го дава во насока на општествено одговорно и активно делување. Преку „Иднина која инспирира“, dm сака да ги охрабри токму организациите и институциите што веќе вложуваат енергија, грижа и посветеност во подобрување на секојдневието на луѓето, да го направат следниот чекор и своите иницијативи да ги развијат со дополнителна поддршка. Затоа, овој повик е наменет за сите што веруваат дека промените почнуваат таму каде што некој ќе одлучи да се вклучи, да помогне и да создаде нешто добро за другите.
Покрај организациите и институциите, платформата отвора простор и за поединци кои со својот личен ангажман веќе придонесуваат за подобра иднина. Доколку сте личност која своето слободно време, енергија и посветеност ги вложува таму каде што е најпотребно, dm ве повикува да ја споделите вашата приказна на следниот линк. По нивното разгледување, овие приказни ќе бидат објавени на платформата, со што ќе добијат поголема видливост и можност да допрат до поширока јавност, а воедно и да инспирираат што повеќе луѓе да се вклучат, да помогнат и да станат дел од заедница што се гради преку солидарност, грижа и заедничко дејствување.
Преку „Иднина која инспирира“, dm уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествено одговорното дејствување и поддршката на иницијативи што носат вистинска вредност за заедницата. Верувајќи дека секој позитивен чекор има моќ да поттикне поширока промена, dm продолжува да создава простор за идеи, луѓе и проекти што придонесуваат за похумана, поинклузивна и поодржлива иднина.
Комерцијален текст
















