Петрушевски: СДС го координира и управува ССМ, како на централно така и на локално ниво

Макфакс

13/03/2026

12:23

131

Големина на фонт

а а а

СДС го координира и управува ССМ, како на централно така и на локално ниво, тврди Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во пресрет на протестот во сабота организиран формално од ССМ, а логистички и технички од СДС, главните лица за контакт од општините се луѓе на СДС. Одговорен за логистика и организирање на луѓе и превоз за протестот на ССМ викендов, од Куманово е Оливер Трајковски – Шеф на штаб на СДС во населбата Зелен рид, како и вработен во ЈП Чистота и Зеленило во Куманово. На фотографијата го гледаме Оливер Трајковски, кој е сликан со кандидатот за градоначалник на Куманово од СДС Оливер Илиевски и носителот на листа Атина Мургашанска, за локалните избори 2021 година“, рече тој.

Според Петрушевски, од СДС и ССМ веќе не се ни кријат за соработката која ја имаат со една единствена цел, а таа цел, како што рече, не е барање за зголемување на платите, туку целта им е да и наштетат на владата.

„ССМ и во Куманово и во другите општини е раководено од општинските организации на СДС. ССМ и СДС се веќе едно исто“, рече Петрушевски.