[ВИДЕО] Марка ја издвои необичната тактика на Арбелоа при корнерите и прекините на Сити: Тоа не беше случајност

Дерби

13/03/2026

08:17

457

Големина на фонт

а а а

Хет-трикот на Феде Валверде во осминафиналето против Манчестер Сити фрли во втор план голем број детали од дербито во Лигата на шампиони, но сепак еден дуел доби посебна анализа од респектабилен шпански медиум како „Марка“.

Колку и да изгледаше неверојатно, Ерлинг Халанд при сите прекини и сите корнери на Сити беше чуван од Арда Ѓулер во првото полувреме, па во ситуација кога станува збор за двајца играчи кои исклучително многу се разликуваат во висината, многумина помислија дека станува збор за некаква збрка во дефанзивата на Реал.

Угледната „Марка“ тврди дека таквото маркирање на Халанд не било грешка и тоа бил добро пресметен и темелно изанализиран тактички потег од Алваро Арбелоа, кој на крајот се покажа дека е целосно исправен.

Арбелоа и неговиот персонал забележале дека Халанд не е примарна цел при прекините на Сити и дека Гвардиола најчесто го користи за блокови и оставање простор на соиграчите, па стручниот штаб на „кралевите“ затоа решил да не троши некој од своите најкорпулентни играчи за да го чува Норвежанецот, односно одлучил да го постави Арда кој е 20 сантиметри понизок од напаѓачот (195 наспроти 175).

Поставувањето на Арда било добро тактички пресметано од Арбелоа и неговиоте помошници, па затоа останатите повисоки играчи како Ридигер, Хаусен, Чуамени и Валверде беа повеќе насочени кон Родри, Геи и Дијаш.