ТИТАН Усје: Свесни сме дека квалитетот на воздухот предизвикува загриженост кај граѓаните, внимателно ја следиме јавната дебата

Макфакс

12/03/2026

18:16

160

Големина на фонт

а а а

Согласно законските рокови, ТИТАН Усје ја поднесе апликацијата за продолжување на А -интегрираната еколошка дозвола до Министерството за животна средина и просторно планирање. При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции, велат до компанијата.

Од таму додаваат дека грижата за животната средина е основна вредност за ТИТАН Усје.

„Свесни сме дека заштитата на животната средина и квалитетот на воздухот предизвикуваат загриженост кај граѓаните и во нашето општество, како целина. ТИТАН Усје внимателно ја следи јавната дебата, сериозно ги сфаќа овие проблеми и дава транспарентен придонес кон нивно решавање. Како одговорна и транспарента компанија, ТИТАН Усје работи согласно домашната регулатива и во своето работење ги применува најдобрите достапни практики во индустријата, кои важат и за компаниите од Европската унија“, се наведува во соопштението.