Шпанскиот премиер Педро Санчез веќе неколку дена не одговара на пораките и повиците на германскиот канцелар Фридрих Мерц, пишуваат германските медиуми.
Според неделникот „Дер Шпигел“, Мерц безуспешно се обидува да стапи во контакт со Санчез по неговото враќање од Вашингтон, за да ги разјасни недоразбирањата меѓу двете влади.
Заладувањето на односите следува по посетата на Мерц во Белата куќа, каде што американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Шпанија поради одбивањето да ја поддржи војната против Иран. Во Шпанија и во дел од германската јавност се појавија критики дека Мерц не ја одбранил Шпанија, а дури се придружил на критиките на Трамп за наводно недоволни уплати во фондот на НАТО.
Шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес изјави дека поранешните германски канцелари Ангела Меркел и Олаф Шолц „такво нешто не би дозволиле“.
Од кабинетот на Санчез официјално соопштија дека Мерц можеби избрал погрешен број, бидејќи премиерот од безбедносни причини редовно го менува мобилниот телефон.
Сепак, во Берлин се верува дека Санчез засега нема интерес да го смири спорот со Мерц поради внатрешнополитички причини и неговото позиционирање како противник на политиките на Трамп.








