Од отпад до уметничко дело: Остануваат уште само неколку дена до крајот на рокот за пријавување на Trash for Art 2026

Точка

12/03/2026

11:44

126

Големина на фонт

а а а

Остануваат уште само неколку дена до крајот на рокот за пријавување на дела за овогодинешниот награден конкурс Trash for Art. Пакомак и оваа година ги повикува еко свесните граѓани да испратат уметничко дело направено од отпад за конкурсот и да ја искористат можноста да добијат вредни награди.

Конкурсот е веќе отворен и во него можат да учествуваат сите заинтересирани лица кои ќе испратат уметничко дело направено од амбалажен отпад.

Како и секоја година, ќе се избира најдобро дело во категориите: 1) градинки, 2) основни училишта, 3) поединци и други организации. За секоја од категориите се предвидени по три парични награди – за прво (30.000 денари), второ (20.000 денари), трето (10.000) . Испратените дела треба да бидат изработени од најмалку 10 парчиња амбалажен отпад од ист или од различен тип на амбалажа, и не треба да бидат повисоки од 150 см.

Trash for Art 2026 ќе има и две специјални награди. Едната е за уметнички дела направени од електронски отпад, односно направени од најмалку три делчиња од електронски отпад или отпадни батерии, за која наградниот фонд за прво, второ и трето место е идентичен како во генералните категории.


А посебна наградата ќе добијат најдобрите испратени уметнички дела изработени само од амбалажа на Алкалоид. Фармацевтскиот гигант е специјален учесник и поддржувач на Trash for Art 2026 и застанува зад еко мисијата на Пакомак со силна порака за почиста животна средина.

Крајниот рок за пријавување на делата се наближува. Не го чекајте последниот момент, туку разбудете ја вашата креативност, направете уметничко дело од отпад и учествувајте во наградниот конкурс Trash for Art 2026. Пријавата за учество се пополнува при предавањето на делото – што значи дека нема потреба од претходно пријавување. Сите дела треба да бидат доставени во скопскиот локал Лабораториум на 16 и 17 март, од 9:00 до 18:00 часот.

Повеќе информации за наградниот конкурс Trash for Art на www.pakomak.com.mk и на профилите на социјалните мрежи на Пакомак.