[ВИДЕО] Пејачот кој се прослави на „Идол“ – Бојан Стојков за својата трансформација до непрепознатливост: „Изедовме по 100 ќебапи од човек, имаше и неколку кременадли на масата...“

Точка

12/03/2026

11:30

1.647

Големина на фонт

а а а

Пејачот Бојан Стојков гостуваше во емисијата „Нешто конкретно“, а таму искрено зборуваше за својата борба со килограмите пред да одлучи целосно да го смени начинот на живот и да намали околу 20 килограми.

Бојан Стојков ѝ е познат на публиката по своите успешни настапи во регионалното музичко талент-шоу „Музички идол“ кое во 2009 година се одржа во Бугарија.

Пејачот, родум од Битола во емисијата „Нешто конкретно“ откри што јадел и колку тежел пред да одлучи да го смени начинот на живот:


✨ „Искрено, сум изел многу во животот. Веројатно сум се метнал на дедо ми. Тој беше професионален готвач, а татко ми често ми раскажуваше дека јадел огромни количини храна.

Со еден другар, ќе го поздравам ако гледа, актерот Живко Борисовски, имавме ситуација кога изедовме по 100 ќебапи. По 100 од човек. Мислам дека имаше и неколку кременадли, а на масата имаше и нафори. За виното и да не зборувам – многу. Знаевме да изедеме и по неколку порции крилца, а пак ти се јаде“, раскажа пејачот.


На прашањето од водителката „што би избрал да јаде денес“, тој вели:

✨ „Хамбургер со помфрит, кечап и мајонез – сè комплет“.

Пејачот низ шега додаде и дека во темница многу потсетува на Бред Пит, а откри и дека пред да почне да слабее тежел речиси 100 килограми.

✨ „Не баш 100, но околу 95-96 сигурно. Сега имам 73 килограми“, изјави тој, додавајќи дека последен пат бил толку слаб уште во средно училиште и дека денес се чувствува како повторно да ја живее младоста.


Инаку, покрај со музика, Стојков се занимава и со актерство и е дел од аматерски театарски и хумористични проекти како „Солзи и смеа“, „Празни муабети“ и „Деларте“ од Битола.

Целата епизода погледнете ја во продолжение: