[ВИДЕО] Новинар: Дали ја преземате одговорноста за масакрот врз ученичките во Иран? Трамп: Не знам за тоа

Макфакс

12/03/2026

12:04

1.197

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „не знае“ за одговорноста за американскиот напад врз училиште во Иран. Тој го изјави ова вчера во Белата куќа како одговор на новинарско прашање.

Новинарката го праша Трамп дали тој, како врховен командант, ја презема одговорноста за нападот врз училиштето, осврнувајќи се на новиот извештај од воената истрага во кој се покажа дека училиштето било погодено од американска ракета.

„Дали вие, како врховен командант, ја преземате одговорноста за нападот врз училиштето во Иран?“, праша новинарката. 

„За што?“, одговори Трамп.

Откако новинарката го повтори прашањето и рече дека во новиот воен извештај се наведува дека училиштето било погодено од американските сили, Трамп одговори: „Не знам за тоа“.

Трамп, претходно тврдеше дека нападот го извршил Иран, а подоцна, кога беше утврдено дека е извршен со американска ракета „Томахавк“, рече дека нападот не го извршила Америка бидејќи „многу земји имаат ракети „Томахавк“. Всушност, само САД, Австралија и Обединетото Кралство имаат „Томахавк“, додека Јапонија и Холандија ги воведуваат во употреба. Од овие земји, само САД учествуваат во војната против Иран.