Затворањето на постмониторинг дијалогот со СЕ е јасна потврда за посветеноста на Владата на патот кон ЕУ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

11/03/2026

17:49

157

Големина на фонт

а а а

Поголем непријател на државата од СДС на Зоран Заев и Венко Филипче, нема. Македонија отсекогаш најмногу патела од своите внатрешни непријатели и предавници, како што се СДС, Филипче, Заев и на нив другарот, внук на бугарски кмет, Андреј Жерновски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сменија устав, име на држава, потпишаа предавнички договори, само и само да се дограбат до власт и останат ден повеќе за безмилосно да крадат и да го осиромашуваат народот.

Најголемите кочничари на евроинтегративниот пат на државата се токму СДС и нивното криминално владеење, кои единствено што направија за ЕУ е сликата од авионот лажејќи ги македонските граѓани дека ги започнале преговорите.

Заглавени во криминал, без никакви реформи преминаа на распродажба на националните интереси, понижувајќи ја државата да прифаќаат и потпишуваат предавнички договори со обврски само за македонската страна, без никаква гаранција за иднината.

Кога Жерновски, несудениот амбасадор и партиски прелетач само за функција, зборува за руско влијание, ако заборавил да го потсетиме, руското влијание во државата продре единствено преку власта на СДС, Заев и Филип“.

Власта на СДС, додаваат од владејачката партија, му даде македонско државјанство на руски олигарх близок до Путин, сега веќе осуден на 15 години затвор во Украина за корупција и перење пари, Александар Онишченко.

Додека пак,како што велат, на фирма во сопственост на белорускиот конзул, Борче Марковски со години му доделувале државни тендери вкупно на број 77, од кои 66 од ЕСМ во вредност од 141 милиони евра.

„Што се однесува до преговорите со ЕУ, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, посветено работи на реформската агенда и усогласување на македонското со ЕУ законодавство.

Доказ за посветеноста на Владата интеграцијата во Европската Унија е и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа што претставува потврда дека Македонија како држава е зрело демократско општество, каде владее правото и слободата на говор.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на патот за интеграција на Македонија во Европската Унија, со исполнување на Копенхашките критериуми и со зачуван национален идентитет“