Охриѓанец приведен откако физички ја нападнал невенчаната сопруга и малолетното дете

Макфакс

11/03/2026

13:18

223

Големина на фонт

а а а

Полициски службеници од СВР Охрид синоќа привеле 44-годишен жител на Охрид по пријава за семејно насилство.

Како што соопшти полицијата, на 10 март 2026 година во 23:15 часот во Охрид бил лишен од слобода О.Л. (44) од Охрид, откако претходно било пријавено дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.