[ФОТО/ВИДЕО] Опасните нинџа жени-воини се најстрого чуваната воена тајна во Иран: Еве како се обучуваат 3.500 смртоносни жени во населба во близина на Техеран

Точка

11/03/2026

18:01

1.192

Големина на фонт

а а а

Тие се страв и трепет, тврдат странските медиуми и сите кои (не)имале можност да се уверат во тоа. Користат мечеви, стрели, нунчаки, ножеви, а пред сè раце и нозе.

Веќе со години се најстрого чувана воена тајна на Иран, но овие денови, додека конфликтот на Блискиот Исток се разгорува, упатените се прашуваат дали е време и опасните куноичи-војнички, односно женските нинџи, да се вклучат во акција…

Во јапонската боречка култура, „куноичи“ е општ назив за женски нинџи. Нинџуцу како вештина се практикува уште од 6. век, а за разлика од самураите кои имале свој бушидо кодекс, нинџите биле специјалисти за герилско војување, шпионажа, изведување различни диверзии и вешто криење. Но, благодарение на холивудските филмови и стрипови, во современиот свет тие се доживуваат на сосема поинаков, романтизиран начин.

Во нивниот свет жените не само што одгледувале деца и ги чекале своите сопрузи. Некои од нив и самите биле нинџи. По умешноста и борбениот дух, „куноичи“ воопшто не заостанувале зад мажите („шиноби“). Катани, шурикени, чадни бомби, нунчаки – совршено ракувале со секое оружје.

Се вели дека и денес постојат во Јапонија, но во сосема поинаква смисла, како и самата култура на нинџуцу. Сепак, најпознатото училиште за „куноичи“ денес не се наоѓа во Земјата на изгрејсонцето, туку во – Иран.


Основано е во 1989 година, и до сега низ него поминале околу 25.000 жени. Во моментов активни се помеѓу 3.500 и 4.000 од нив, и во таква кондиција се, што би им завидел и Рамбо. Сепак, можеби, во согласност со актуелната ситуација на Блискиот Исток, во овој контекст подобро би било да се спомене „американскиот нинџа“, бидејќи и тој би морал добро да се пази.

Освен што се врвни познавачи на боречки вештини, жените нинџи мораат да бидат и акробати, да покажат дека се вешти во брзо искачување и тивко, скриено движење (бидејќи, „кој го види лицето на нинџата“…). Се подразбира дека се во одлична кондиција, специјалисти за ладно оружје (ако дојде до борба „гради в гради“), дисциплинирани и дека никогаш не отстапуваат од поставените задачи.


Обуката се одвива во замок недалеку од главниот град, Техеран. Фатима Муамер, една од инструкторките, истакнува дека обуката им помага на жените да ја одржуваат рамнотежата помеѓу духот и телото, како и да стекнат самодоверба. Тие учат како да се почитуваат себеси, но и во секој момент да останат смирени, вели Фатима.

Иако не се сомневаме дека без многу напор и проблем би можеле да го совладаат секој противник (Рамбо веќе го спомнавме), девојките во училиштето тврдат дека сè што учат е поврзано исклучиво со споменатата рамнотежа и дека немаат планови да се соочуваат со некого надвор од полигоните за вежбање.


„Учам како подобро да го разберам своето тело и да ги контролирам емоциите, секако и како да се одбранам ако е потребно. Поради тоа се чувствувам повредна, посигурна. Иако може да биде опасен, овој тренинг всушност е многу добар лек. А и костимот ми стои прилично добро. (смеење) Исто така, благодарение на нинџуцу, стекнуваме и знаење за фасцинантната култура на земјата во која се родила оваа вештина“, открива една членка на иранскиот одред „куноичи“.