Пронајден нов вид на пеперутка во Русија

Точка

11/03/2026

11:05

274

Големина на фонт

а а а

Најновото откритие на Далечниот руски исток ја возбуди научната јавност – Константин Ефетов, шефот на Катедрата за биохемија на кримскиот федерален универзитет „Вернадски“ (КФУ) го потврди пронаоѓањето на досега непознат вид пеперутка.

Ова револуционерно откритие е забележано на островот  Фурухјелм, кој припаѓа на Приморскиот крај и е дел од Далечниот источен морски резерват. Пеперутката, идентификувана како „Hedina nigra“ досега беше позната само во Јапонија и Кина.

„Кога добив фотографии од островот Фурухјелм од моите колеги од Далечниот Исток, веднаш ми беше јасно дека станува збор за извонредно откритие – вид што никогаш порано не бил виден во нашата земја. Споредувајќи ги морфолошките карактеристики со меѓународни примероци, несомнено утврдив дека станува збор за црн дуванац“, рекол Ефетов, се наведува во соопштението на КФУ.


Како што пренесе РИА Новости, прес-службата на Казанскиот федерален универзитет нагласи дека откритието на островот Фурухјелм не само што додаде новост во регистарот на руската фауна, туку докажа и дека црниот дуванец е постојан жител на јужниот брег, а не случаен мигрант.

„Откривањето на овој вид има практично и економско значење за развојот на хортикултурата и заштитата на растенијата на Далечниот Исток“, нагласил Ефетов.