Во израелските напади денеска е погодена станбена зграда во центарот на Бејрут, објавија либанските медиуми, што е втор таков напад врз градот во последните денови. Израелската војска сè уште не даде коментар и нема извештаи за жртви. Петмина припадници на Иранската исламска револуционерна гарда беа убиени во нападот во Бејрут во неделата.
Либан е вовлечен подлабоко во регионалниот конфликт откако Хезболах, поддржан од Иран, отвори оган врз Израел, велејќи дека тоа е одмазда за атентатот врз врховниот лидер на Иран.

Стотици убиени во напади
Израел оттогаш изврши воздушни напади низ јужен и источен Либан и во јужните предградија на Бејрут.

Израелската војска уби речиси 500 луѓе во нападите, вклучувајќи повеќе од 80 деца, според либанското министерство за здравство.








