„Внимавајте да не бидете елиминирани“: Иран со закана до САД

Макфакс

10/03/2026

16:06

255

Големина на фонт

а а а

Шефот на Советот за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, упати прикриена закана до американскиот претседател Доналд Трамп, како што објавија медиумите, предупредувајќи го да биде внимателен „да не биде елиминиран“ и велејќи дека Иран не се плаши од неговите „празни закани“.

„Иран не се плаши од вашите празни закани. Дури и оние поголеми од вас не би можеле да ја елиминираат иранската нација“, рече Лариџани во објава на Икс.

„Внимавајте да не бидете елиминирани!“, додаде Лариџани.

Неговите зборови дојдоа како одговор на објавата на Трамп во која се закани дека ќе го удри Иран посилно ако го запре протокот на нафта низ стратешки важниот Ормутски теснец, објавија медиумите.