Шок за Верстапен во Мелбурн: Го удри болидот и ќе стартува од 20. позиција

Точка

07/03/2026

17:56

528

Големина на фонт

а а а

Возачот на „Mercedes“, Џорџ Расел, ќе стартува од пол позицијата на првата трка од новата сезона во Формула 1 во Австралија.

Во квалификациите на патеката Алберт Парк во Мелбурн, Британецот заврши пред својот италијански колега Андреа Кими Антонели („Mercedes“) и Французинот Исак Хаџар („Red Bull“) за 293, односно 785 илјадити делови од секундата.

Шарл Леклер („Ferrari“) се квалификуваше како четврти, додека двоецот на „McLaren“, Австралиецот Оскар Пјастри и светскиот шампион, Британецот Ландо Норис, ќе стартуваат од третиот ред.

Макс Верстапен изгуби контрола над својот „Red Bull“ и странично се заби во оградата на патеката Алберт Парк.

„Автомобилот едноставно се блокираше одзади. Фантастично“, цинично порача Холанѓанецот преку радиоврска.

Четирикратниот светски шампион не успеа да постави време и ќе мора да се надева на голем камбек од 20. стартна позиција на првата трка од сезоната.