Историски момент за македонското алпско скијање: Ева Милевска - прва Македонка во спуст и супервелеслалом на Светското јуниорско првенство

Точка

07/03/2026

17:00

681

Големина на фонт

а а а

Како што објави Скијачката федерација на Македонија, нашата скијачка Ева Милевска ќе испише историја како прва македонска скијачка која ќе настапи во брзите дисциплини – спуст и супервелеслалом – на Светското јуниорско првенство во алпско скијање.

Во Нарвик (Норвешка) таа ќе се натпреварува со најдобрите млади скијачи во светот на нејзина возраст и тоа на едно од најпрестижните натпреварувања во календарот на „FIS“.

🇲🇰 Историски момент за македонското алпско скијање!


Нашата скијачка Ева Милевска ќе испише историја како првата...

Posted by Скијачка федерација на Македонија - Ski federation of Macedonia on Saturday, March 7, 2026

Инаку брзите дисциплини се најпредизвикувачките во алпското скијање – со долги и технички тешки патеки, скокови, компресии и брзини над 100 km/h, а со овој настап, Ева не само што се натпреварува со светската елита, туку испишува нова страница во историјата на македонското скијање.

Ѝ посакуваме голем успех и среќно на патеката!⛷️