Според пишувањата на „Дејли мејл“, Алехандро Гарначо има нова партнерка, шпанската инфлуенсерка Адријана Лобас, која ја опсипува со внимание, но и со скапи подароци.
Неодамна новинарот Роберто Антолин споделил повеќе детали за наводната врска во шпанската емисија „Мите Live“, тврдејќи дека фудбалерот и инфлуенсерката живеат заедно.

„Дојде до нов развој на настаните во врската меѓу Алехандро и оваа девојка Лобас. Таа живее со него во Лондон, а тој ѝ дал кредитна картичка без ограничување на трошењето за да може да купува што и да посака“, рекол тој и додал:


„Патувале меѓу Мадрид и Лондон со приватен авион. И дозволете ми да ви кажам, Гарначо не сака да го запознае семејството на Адријана и очигледно ги игнорира. Ова нема да биде долга врска, а тој не сака ништо сериозно. Само сака да има односи со прекрасни жени“, истакнал тој.

Потсетуваме, фудбалерот на Челси минатото лето се раздели од Ева Гарсија, мајката на неговиот двегодишен син Енцо. Тие беа заедно повеќе од четири години.








