[ФОТО/ВИДЕО] „Жешката“ Емили за малку ќе покажеше сè: Џемперот едвај ги покривал нејзините гради

Точка

07/03/2026

15:36

1.085

Големина на фонт

а а а

Американската манекенка Емили Ратајковски оставила многу малку на имагинацијата кога се појавила на ревијата на брендот „Loewe“ во замокот Венсен за време на Париската модна недела.

Имено таа се огрнала со џемпер кој едвај ги покривал нејзините гради. Кога излегла од автомобилот, сите погледи биле вперени кон неа. Носела црни панталони, а изгледот го надополнила со очила за сонце.

Меѓутоа реакциите се поделени. Некои корисници на социјалните мрежи сметаат дека претерала со овој моден избор, додека други ја поддржуваат.

„Кој би сакал ваква гостинка на својата ревија?“, „Треба да го отпушти стилистот“, „Невкусно“, „Кралица“, „Жената знае како да привлече внимание“, „Толку е згодна“, се само дел од коментарите.


Таа присуствувала на ревијата заедно со актерките Џулија Гарнер и Сиси Спејсек, режисерот Баз Лурман и неговата сопруга Кетрин Мартин.


Париската модна недела спаѓа меѓу најпрестижните модни настани во светот. Овогодишното издание трае до 10 март и опфаќа 67 модни ревии.


Потсетуваме, Емили неодамна стана тема на потсмев на социјалните мрежи поради нејзиното чекорење на ревијата на „Гучи“ за време на Миланската модна недела. Многумина сметаат дека премногу се извивала при одењето и дека очигледно местото не ѝ било таму.