[ФОТО] Лејди Гага се мажи: Ова е претприемачот и инвеститор кој ѝ го украде срцето

Точка

07/03/2026

14:37

428

Големина на фонт

а а а

Лејди Гага и Полански се во врска од 2020 година, а се свршија во 2024 година. Тој е претприемач и инвеститор, а се зближил со Лејди Гага за време на карантинот.

Лејди Гага наскоро ќе се мажи за својот вереник, Мајкл Полански. Познатата пејачка ја објави веста за време на гостувањето во емисијата „Romantic Radio“ на Бруно Марс на „iHeartRadio“ во петокот вечерта.


„Со мојот вереник патуваме цела година, но наскоро се венчаваме“, откри таа, а потоа се сврте кон Бруно Марс: „Се надевавме дека ќе можеш да ни напишеш посебна песна за нас“, рекла таа во снимена порака, а тој веднаш ѝ одговорил: „Ако бараш песна што ќе му ја посветиш на твојот сопруг, би рекол дека не треба да е од мојот нов албум“, рекол славниот пејач, па додал: „Јас би ја избрала „Risk It All“.


Лејди Гага и Полански се во врска од 2020 година, а се свршија во 2024 година. Тој е претприемач и инвеститор, а се зближи со Лејди Гага за време на карантинот во ерата на коронавирусот, кој двајцата го поминаа во Малибу.


Лејди Гага потврди дека таа и Полански се свршиле во јули 2024 година, претставувајќи го Полански како свој вереник додека разговараla со францускиот премиер Габриел Атале на Олимписките игри во Париз.