Редок мотоцикл од марката „Holden“ од 1902 година излегува на аукција со цена од 70.000 фунти. Тој претставува унапредување на пораните прототипи, откако компанијата уште во 1895 година развила еден од првите слични модели.
Мотоциклот „Holden“, кој ќе биде понуден на аукцијата на куќата „Bonhams Cars“, бил во сопственост на мотоциклистот и трговец со мотоцикли Рек Џад во триесеттите години од минатиот век.
„Веројатно е дека Рек Џад го набавил својот ’Holden‘ во текот на дваесеттите или раните триесетти години. Направил само едно неофицијално застанување (за дополнување на резервоарот со вода) и ја завршил возењето до Брајтон, освојувајќи сребрен медал“, наведува „Bonhams Cars“, пренесува „Luxury Auto News“.
Мотоциклот „Holden“, кој го дели името, но нема никаква врска со австралискиот автомобилски бренд со истото име, подоцна бил изложен во салонот на Џад во Еџвер сè до продажбата на компанијата во 1989 година. Потоа бил изложен во музејот „Whitewebbs“ во Енфилд, пред да биде повлечен поради оваа аукција.

Од „Bonhams“ признаваат дека во моментов не се сигурни дали мотоциклот е во возна состојба. Моторот може да се заврти, но механичката состојба и реалните перформанси остануваат целосна непознаница.
Во својата најдобра форма, четирицилиндричниот мотор на „Holden“ со зафатнина од 3 кубни сантиметри можел да достигне максимална брзина до 50 км/ч, иако тогашните извори го опишувале тоа тврдење како „оптимистично“.
Во 1902 година „Holden“ се продавал слабо, што некои го припишувале на високата цена. Во тоа време „Holden“ чинел 75 фунти, додека повеќето конкурентски модели биле во опсег од 40 до 45 фунти.

Ако се земе предвид инфлацијата, тоа денес би изнесувало речиси 12.000 фунти, додека другите мотоцикли на пазарот биле достапни за околу 7.100 фунти на повисокиот крај од ценовниот опсег.
Продажбата била слаба, па производството на „Holden“ било забавено и целосно запрено до крајот на 1902 година.

Од „Bonhams Cars“ порачуваат дека ова е ретка можност да се стане сопственик на уникатен дел од мотоциклистичката историја, наведувајќи дека не се сигурни кога следниот мотоцикл „Holden“ ќе се појави на нивна аукција, бидејќи примероците стануваат сè поретки.
Аукцијата започнува на 26 април во Стафорд, на саемскиот простор „Staffordshire County“, со проценета цена меѓу 40.000 и 70.000 фунти.










