Како се подготвува посен Јафа колач ни покажа домаќинката Данијела Којиќ Јанковиќ. Идеален десерт за деновите на Велигденскиот пост, пишува „Zena.blic“.
Посниот Јафа колач е едноставен, се подготвува брзо, а голема е веројатноста дека сите потребни состојки веќе ги имате дома. Совршен е за секоја пригода, особено во деновите на Велигденскиот пост.
Рецепт за посен Јафа колач
Потребни состојки:
• 4 шолји вода;
• 6 шолји шеќер;
• 2 шолји масло;
• 8 шолји брашно;

• 1 прашок за пециво;
• 1 ванилин шеќер;
• 1 замрзнат портокал;
• 150 г чоколадо за прелив.
• Подготовка:
Во голем сад измешајте ги водата, шеќерот и маслото. Додадете ги брашното, прашокот за пециво и ванилиниот шеќер, па добро измешајте додека смесата не се изедначи.
Целиот замрзнат портокал сомелете го и вмешајте го во смесата додека не стане мазна. Истурете ја смесата во претходно подмачкан плех или плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180°C околу 40–50 минути (проверете со чепкалка).
Кога колачот ќе се олади, премачкајте го со растопено чоколадо.
Данијела има и неколку корисни совети за подготовка на овој колач. Таа вели дека можете да користите и свеж портокал ако немате замрзнат, а колачот е најдобро да се послужи кога добро ќе се излади.
На здравје!







