Ручекот од компири е заситен и пријатен за стомак, а оваа посна верзија за мусака е полн погодок.
Состојки:
500 грама компири;
2 моркови;
2 главици кромид;
100 грама ориз;
400 милилитри вода;
суви зачини;
100 милилитри масло.
Подготовка:
Компирот исечете го на кругови.
Морковот и кромидот исто така на кругови.
Во огноотпорен сад на дното ставете компир и кромид, потоа морков, па ориз којшто претходно сте го измиле.
Прелијте ги со масло и додадете уште малку од сувите зачини.
Печете во рерна околу 30 минути на 200 степени Целзиусови.
Пријатно јадење!







