Главниот град на Иран, Техеран, утрово беше под силни воздушни напади, а експлозии одекнуваа низ целиот град, објавија државните медиуми. Авенијата Јомхури, популарна трговска-зона и една од најпрометните улици во центарот на Техеран, наводно беше цел на нападот.
Иранскиот државен радиодифузер IRIB објави за последиците. „Улицата Јомхури, автобуската станица Јами и куќа во станбена зона беа целосно уништени. Улиците во централниот и источниот дел на Техеран сега се пусти“, соопшти IRIB.
Израелската војска денес потврди дека започнала „масовен бран напади“ врз клучната инфраструктура на режимот во Техеран.
Репортерите на CNN во близина на Техеран ја слушнаа постојаната бучава од авионите, а иранските медиуми, исто така, објавија гласни експлозии и звуци на борбени авиони што летаат над главниот град.
Во меѓувреме, портпаролот на иранската воена команда, Хатам Ал Анибја, изјави во петокот дека „нападите на нашата земја врз непријателските позиции во наредните денови ќе бидат уште пожестоки и посеопфатни“








