Сандерс: Нетанјаху конечно најде претседател на САД кој рече „да“

Макфакс

06/03/2026

07:43

624

Големина на фонт

а а а

Американскиот сенатор Берни Сандерс остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, обвинувајќи го за поттикнување на САД во војна со Иран, пренесува Анадолија.

„Нетанјаху е екстремист кој уби 75.000 луѓе во Газа. Екстремист кој рече дека инвазијата на Ирак ќе има „огромни позитивни последици“. Екстремист кој со децении ги поттикнува американските претседатели да војуваат со Иран“, напиша Сандерс на Икс.

„Конечно пронајде претседател кој рече „да“. Трагично“, додаде тој, осврнувајќи се на претседателот Доналд Трамп.

Нападите на САД и Израел врз Иран започнаа на 28 февруари, при што беа убиени врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и високи безбедносни функционери. Шест припадници на американски сили беа убиени, а неколку беа сериозно ранети. Иран возврати со напади врз Израел и земјите во регионот каде што се наоѓаат американските бази.

Нетанјаху ги отфрли тврдењата дека Израел ги турнал САД во војна со Иран, нарекувајќи ги обвинувањата „смешни“.

„Доналд Трамп е најсилниот лидер во светот. Тој прави она што мисли дека е исправно за Америка. Тој прави и она што мисли дека е исправно за идните генерации“, рече Нетанјаху во интервју за „Фокс њуз“ во вторник