Лавров: НАТО се вовлекува во војната што САД и Израел ја почнаа против Иран

Макфакс

05/03/2026

17:27

278

Големина на фонт

а а а

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека војната што Западот ја води против Русија повеќе не е хибридна, туку директна и жешка, пренесе ТАСС.

Според него, целта на конфликтот преку Украина е да се ослаби Русија и да ѝ се нанесе стратешки пораз.

„Целта на војната против Русија, која Западот ја подготви и на крајот ја започна преку украинскиот режим, е да ја ослабне нашата земја и да ѝ нанесе стратешки пораз. Постојат сите причини да се верува дека зад тоа лежи крајната желба да се уништи нашата земја“, рече тој.

Според него, Западот ја подготвил Украина да стане антируска. „Тоа станало повод за хибридната војна на Западот, но неодамна таа станала не само хибридна, туку и директна, жешка војна на Западот против Руската Федерација“, додаде тој.

Лавров за Блискиот Исток

Зборувајќи за Блискиот Исток, Лавров оцени дека една од целите на американската и израелската операција е да се „забие клин“ меѓу земјите во регионот, особено меѓу Иран и неговите арапски соседи, меѓу кои процесот на нормализација на односите беше забележлив до неодамна. Тој верува дека Западот во регионот дејствува според принципот „раздели, па владеј“.

Предупреди и дека НАТО се вклучува во војната што САД и Израел ја започнаа против Иран.

„Господинот Руте дава доста силни изјави. Тој вели: ‘НАТО е подготвен да ја користи клаузулата за колективна одбрана во американската операција против Иран’. Неговите изјави значат: драги членови на меѓународната заедница, знајте дека интересите на НАТО лежат каде и да ви кажеме дека лежат“, рече Лавров.

Сепак, како што додаде, не може да се согласат со логиката според која потезите на Иран се неприфатливи, додека сè што прават САД и Израел е надвор од секаква дискусија. Ги критикуваше монархиите од Заливот за тоа што не ги осудуваат постапките на САД и Израел, како и убиството на девојчињата во нападот врз иранското училиште.