Американската морнарица ќе ги придружува танкерите низ Ормутскиот теснец доколку тоа биде потребно, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, а информацијата ја потврди и портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит.
Мерката доаѓа по заканите на иранската Револуционерна гарда, која соопшти дека Ормутскиот теснец го смета за затворен за време на војната и се закани со напади врз бродови што минуваат низ него.
Ливит додаде дека Трамп најавил и можност танкерите за сурова нафта и товарните бродови што пловат во регионот на Персискиот Залив да склучат осигурување од политички ризик преку Американската корпорација за развојно финансирање, по „многу разумна цена“.







