Поранешна ѕвезда на Реал: Клубот погреши со Чаби, а имаше и многу подобро решение од Арбелоа

Дерби

05/03/2026

14:55

269

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид сезонава реши да го отпушти Чаби Алонсо и како привремен наследник да го назначи Алваро Арбелоа, а под водство на поранешниот дефанзивец клубот е елиминиран во Купот и заостанува четири бодови зад Барселона во Ла Лига.

Иван Елгуера гостувал во подкастот на Икер Касилјас и како поранешен фудбалер со над 300 настапи го дал своето мислење за ситуацијата во клубот и посебно тренерската промена направена среде сезона.

– Не ми се допаѓаше како игра тимот предводен од Чаби, но тактички и посебно во играта во одбрана беа тежок тим за победување.

– Мислам дека требаше да му биде дадена шанса до февруари или март и мислам дека Реал под водство на Чаби немаше да загуби од Албасете, но и од Бенфика во Лисабон. Избрзаа со отказот бидејќи Реал загуби во Суперкупот иако не играше лошо, – вели поранешниот дефанзивец кој не може да го сфати и назначувањето на Арбелоа.

– Покрај еден Раул кој со години беше во вториот тим и не доби унапредување, тие го назначија Арбелоа кој истиот ден загуби 4:1 со вториот тим. Според мене, нема никаква логика и се што се случи е апсурдно, ако гледаме реално, сега ситуацијата е полоша од периодот во кој тренер беше Чаби.

– На крајот на краиштата, ако веќе го менуваат, требаше да доведат искусен тренер кој знае што го очекува, а не неискусен тренер кој не може да се снајде. Мислам дека и Раул ќе се снајдеше подобро, бидејќи се нашол во вакви ситуации, – рекол Елгуера, кој освои две европски титули со Реал.