Манчестер Сити вчера прокоцка два бода на дуелот со Нотингем и се врати чекор назад во обидот да го стигне Арсенал на врвот на табелата, а домашните фудбалери сметаат дека судиите ја продолжиле традицијата која трае цела сезона.
Бернардо Силва како еден од поискусните, по натпреварот бил прашан што мисли за спорните ситуации, најмногу за стартот над Ерлинг Халанд, по кој судијата Питер Бенкс не сметаше дека треба да досуди пенал, а немаше повик ниту од ВАР собата.
– Навикнати сме да се случуваат вакви работи веќе цела сезона.
– Сè што е 50:50 оди во корист на противникот.
– Ситуацијата со Халанд за мене е пенал, но што може да направи Ерлинг? Сезонава сме навикнати, знаеме како одат работите.
– Наша задача е да играме подобро, бидејќи не можеме да ги контролираме овие работи. Мора да се фокусираме на нашите перформанси, – рекол Португалецот.








