Глампинг е кратенка од „гламурозно кампување“. Една од предностите е и контактот со природата. Овој вид туризам нуди и номадско искуство, како и активности поврзани со песокот.
Шаторската населба поставена во пустината на песок најчесто е во бела боја и е скриена меѓу дините, пренесе РТС.
Во еден од шаторите обично е сместен ресторан, а постои и место каде што може да се наполнат електронски уреди. Камповите во пустините стануваат сè попопуларни, особено за патници кои бараат автентично доживување во природата и бегство од бучните градови.

Пустинските кампови нудат удобност и луксуз
Во рамките на шаторските населби во пустината, на туристите им се на располагање удобни соби со бања, како и секогаш достапни вода и електрична енергија.


Популарни дестинации се локациите во пустините во близина на Дубаи, Вади Рум во Јордан, како и во Мароко и Саудиска Арабија.








