Овој колач се прави неверојатно лесно и едноставно, а гарантира фантастичен вкус.
Овие колачи се одлични со шолја чај или кафе, а дополнителен плус им е тоа што брзо и едноставно се подготвуваат.
Она што овој рецепт го прави одличен е тоа што не содржи ниту зрно шеќер, а за негова подготовка се користи здрава варијанта на брашно.
За бисквит:
🍪4 јајца;
🍪100 грама путер;
🍪2 лажици мед;
🍪250 грама грчки јогурт;
🍪100 грама кокосово брашно;
🍪1 ќесичка прашок за печиво;
🍪кора од еден лимон;
🍪екстракт од ванила.

За прелив:
🍪500 милилитри вода;
🍪3 лажици мед;
🍪сок од еден лимон.
Одвојте ги белките од жолчките, па белките изматете ги во цврст шлаг.
Во жолчките додадете го стопениот путер, медот, грчкиот јогурт, екстрактот од ванила и кората од лимон. Матете додека не добиете компактна смеса.
Помешајте ги сувите состојки, па додадете ги во смесата со жолчките и кратко матете со миксер. Потоа лесно потопете ги во шлагот.
Печете го колачот во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 25 до 30 минути.
Додека колачот се пече подгответе го преливот така што во водата ќе ставите мед и лимонов сок, па ќе мешате додека медот не се стопи. Кога течноста ќе почне да врие, тргнете ја од огнот.
Жешкиот колач прелијте го со направениот прелив. Оставете го да се излади пред сервирање.
На здравје!