Оклахома Сити го освои Њујорк, но загуби двајца играчи

Дерби

05/03/2026

12:01

167

Големина на фонт

а а а

Оклахома Сити успеа да го победи Њујорк на гостински терен, но овој натпревар донесе и проблем со дури двајца повредени играчи, кои порано завршија во соблекувалната.

Шеј Гилџис-Александер и неговите колеги славеа со 100:103, Њујорк на крајот не реализираше два обида за три поени за продолжение, а за актуелниот шампион тоа значи зацврстување на првата позиција во западната конференција.

Ајзеа Хартенштајн и Алекс Карузо се играчите кои се пожалија на повреди и со кои гостинскиот тренер не сакаше да ризикува, а дополнителните прегледи ќе утврдат колку долго ќе паузираат.

Најрасположен во победничкиот тим беше Холмгрен кој уфрли шест тројки и заврши со 28 поени, додека Шеј реализираше два помалку. Во редовите на Њујорк, Таунс ги предводеше реализаторите со 17 поени.

Њујорк – Оклахома 100:103

Бостон – Шарлот 89:118

Филаделфија – Јута 106:102

Мемфис – Портланд 114:122

Милвоки – Атланта 113:131

Л.А Клиперс – Индијана 130:107