Манчестер Јунајтед вчера имаше фудбалер повеќе на теренот повеќе од едно полувреме на гостувањето кај Њукасл, но на крајот не освои ниту бод од овој натпревар.
Менаџерот Мајкл Карик не го криел разочарувањето од ваков епилог и начинот на кој Њукасл ја прекина позитивната серија на противникот, но според него најважно е да се извлечат поуки и да се научи лекцијата.
– Разочарани сме, боли после ваков пораз, епилогот е разочарувачки.
– Мора да научиме нешто од ова, нема поента ако не извлечеме нешто од оваа лекција и да се обидеме да разбереме што се случи вечерва.
– Истовремено, не треба да ја заборавиме и пошироката слика, а тоа е дека успеавме да дојдеме во позиција која може да ни донесе возбудливи моменти. Треба да бидеме позитивни во пресрет на следниот натпревар, бидејќи има да се игра уште многу, – рекол менаџерот на Јунајтед.








