Утре облачно време, со локален дожд и грмежи

Макфакс

04/03/2026

17:27

153

Големина на фонт

а а а

Времето утре ќе биде претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје, облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 14 степени.

За време на викендот и до средината на следната седмица, под влијание на поле на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време. Во петок ќе дува умерен северен ветер, а во деновите потоа слаб до умерен ветер од југоисточен правец.