Скопјанец загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово, со автомобил излетал од патот

Макфакс

04/03/2026

15:42

180

Големина на фонт

а а а

Вчера во 15:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница Скопје – Тетово, во близина на клучка Мирковци, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(44) од с.Сарај, скопско, излетало од патот.

На местото на несреќата починал возачот Р.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.