[ВИДЕО] Патници заробени на крузери во Дубаи: додека се слушаат експлозии некои танцуваа покрај базен

Макфакс

04/03/2026

08:29

2.245

Големина на фонт

а а а

Илјадници патници останале заробени на крузери на Блискиот Исток поради воената ескалација во регионот, откако САД и Израел извршија напад врз Иран, по што следуваа ирански напади со дронови и ракети, пренесе Си-Ен-Ен.

Најмалку шест бродови од неколку компании се погодени од ситуацијата. Крузерите што пловат во Персискиот Залив не можат да поминат низ Ормутскиот теснец, а воздушниот простор во регионот е затворен, што ги отежнува и повратните летови.


На бродот MSC Euribia, закотвен во Дубаи, патници изјавиле дека слушнале експлозии и виделе како се пресретнуваат ракети и дронови. И покрај тоа, атмосферата на бродот останала речиси нормална.


Некои патници продолжиле да се сончаат, да играат и да се забавуваат покрај базенот, додека над нив се пресретнувале дронови. Дури била организирана забава со музика, пијалоци и танцување.


Иако дел од патниците велат дека ситуацијата изгледа надреално, повеќето нагласуваат дека на бродот нема паника. Сепак, многумина се загрижени кога и како ќе се вратат дома, особено поради затворениот воздушен простор и хаосот на аеродромите.


Се верува дека шест крузери моментално се закотвени во пристаништа во Дубаи, Доха и Абу Даби, додека компаниите чекаат нови безбедносни насоки.