Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.
Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.








