Традиционален рецепт којшто буди спомени – за ифтар подгответе си сутлијаш кој ќе ве врати во детството

Точка

03/03/2026

16:00

191

Големина на фонт

а а а

По ифтар, совршен завршеток на вечерата често е некој лесен и вкусен десерт којшто ќе го развесели целото семејство, а еден од таквите десерти е сутлијаш.

Кремаст пудинг од ориз и млеко којшто со својот вкус се топи во устата и ги буди спомените од детството, но исто така го прави секој момент после Ифтар посебен.

Состојки:

🌾1 литар млеко;
🌾8 лажици шеќер;
🌾8 лажици ориз;
🌾ванилин шеќер;
🌾цимет или чоколадо за декорација.


Подготовка:

Оризот добро измијте го и ставете го во тенџере. Прелијте го со вода колку да го покриете и варете на лесна температура околу 7-10 минути, додека не омекне, но да не се распадне.

Во друго тенџере загрејте млеко додека не зоврие. Додадете го шеќерот и добро помешајте. Потоа млекото додадете го во претходно сварениот ориз.

Варете сѐ заедно на лесна температура околу 20 минути со постојано мешање. Доколку сутлијашот на почеток ви изгледа редок, не грижете се во процесот на ладење ќе згусне и ќе добие кремаста текстура.

Сутлијашот ставете го во садови додека сѐ уште е топол. По желба, посипете со цимет или изрендајте чоколадо за дополнителен вкус и декорација.

На здравје!