[ФОТО] Ова се мајката и ќерката кои беа пронајдени мртви по пад од зграда во Карпош: Со години биле жртви на семејно насилство, имало и обид за убиство

Точка

02/03/2026

23:07

1.962

Големина на фонт

а а а

Јавноста е потресена од денешниот трагичен случај во кој, при пад од балкон од зграда во скопски Карпош, животот го загубија мајка и малолетно девојче.

По трагедијата на социјалните мрежи се огласи Александар Стојаноски, братот на жената, односно вујко на малото девојче, кој го нарече целиот случај убиство и напиша дека институциите потфрлиле.

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство. Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем ... После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.

Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство


Денес потфрли МВР, Социјалните...

Posted by Aleksandar Stojanoski on Monday, March 2, 2026

Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!

Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!

Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече - вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто ... вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам.

Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем!“, напиша Стојаноски.