Американската актерка Деми Мур се појави на 32-то доделување на „Actor Awards“, претходно познато како „Screen Actors Guild Awards“, во Лос Анџелес. Нејзиниот изглед беше повод за коментари на социјалните мрежи.
Таа за оваа пригода избра фустан од брендот „Schiaparelli“, украсен со шлеп што потсетува на пердуви. Изгледот го надополни со подигната фризура и накит.
Demi Moore was glowing at The Actor Awards in Los Angeles, CA ✨🫶 pic.twitter.com/vzzdA0gUKt
— Page Six (@PageSix) March 2, 2026
Споменатата креација ги истакна нејзините рамења и раце, по што следуваа бројни реакции од оние кои сметаат дека актерката е премногу слаба.
„Анорексијата и понатаму е популарна во Холивуд“, „Дефинитивно претерала“, „Изгледа толку нездраво“, „Оваа жена не е среќна“, „Таа не е некој на кого девојките треба да се угледуваат“, „Изгледа дека храната е премногу скапа во Лос Анџелес“, се дел од коментарите на „X“.

Деми Мур оваа година не беше номинирана во ниту една категорија на „Actor Awards“. Ова е првпат доделувањето да се одржи под споменатото име.
Актерката Кристен Бел беше водителка на церемонијата по третпат, откако претходно беше водителка во 2018 и 2025 година. Харисон Форд е добитник на наградата за животно дело.
„Sinners“ на режисерот Рајан Куглер е прогласен за најдобар филм. Актерите од ова кинематографско остварување се наградени за најдобра актерска екипа. Освен тоа, Мајкл Б. Џордан ја доби наградата за најдобра главна улога.


