[ВИДЕО] Ваков Јокиќ ретко го гледаме: Збесна на ривалот и тргна во пресметка со целиот тим

Точка

28/02/2026

12:29

996

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ е познат како кошаркар кој не влегува често во судири и пресметки со противничките играчи, но изминатата ноќ сепак тоа не беше случај.

Навивачите ноќеска можеа да го видат Јокиќ во издание во кое ретко го гледаме, бидејќи за време на дербито меѓу Денвер и Оклахома влезе во пресметка речиси со целиот противнички тим.

Сè започна од неспортскиот потег на Лу Дорт, кошаркар на Оклахома, кој се постави пред Јокиќ додека центарот на Нагетс трчаше кон противничката половина.

Дорт тогаш му „подметна“ нога на Јокиќ, кој падна на паркетот, а потоа стана и целосно збесна.

Најпрво тргна кон Дорт, а потоа и кон Џејлен Вилијамс, кој застана во одбрана на соиграчот, а таму беа и сите останати играчи на Оклахома.

На крајот судиите одлучија да го исклучат Дорт од натпреварот поради овој неспортски потег, а Јокиќ и Вилијамс заработија технички грешки.

За потсетување, Оклахома по спектаклот и продолжението славеше со 127:121, а Јокиќ на овој натпревар забележа нов трипл-дабл од 23 поени, 17 скокови и 14 асистенции.