Оваа пица е нешто за што поголем дел од „обичните луѓето“ може да сонуваат.
Освен што содржи најквалитетни состојки, таа се служи и на посебен начин и тоа во вашиот дом.
Некогашното јадење за сиромашните, денес е глобален хит, во луксузна верзија станува вистинска гастрономска екстраваганција, пицата „Луј XIII“ во Салерно ја подготвуваат со кавијар, норвешки јастог и дури со седум видови сирење, а едно вакво јадење со комплетно искуство со достава и сомелиерски услуги чини над 11.000 евра.
Врвниот готвач доаѓа во вашиот дом со помошен готвач и сомелиер, носејќи ексклузивни порцелански садови, најфин прибор за јадење и најретки состојки.
Сето тоа се подготвува пред вашите очи, а со пицата се служи и шампања „Krug Clos du Mesnil“ 1995 година од брендот „Carta Real Sanches Romate Finos“ и коњак Луј XIII – најскапиот коњак на светот.
Од едноставните комбинации на теста и омилени состојки настанала неограничена палета на вкусови и облици. Една од нив е Луј XIII.
Луис XIII – пица за милионери
Ренато Виола, мајстор за пици од Италија, ја креирал пицата Луј XIII. Таа подразбира тесто од органско брашно кое се подготвува 72 часа однапред, се развлекува 20 сантиметри и се полни со три видови кавијар, норвешки јастог и седум видови сирење, зачинето со розова сол од реката Murray.
Екстраваганција на дело
Оваа луксузна пица не е единствената во светот на екстраваганцијата.

На листата се и варијанти со 24-каратно злато, луксузно говедско месо, тартуфи, па дури и дијаманти.
Некогаш јадење за сиромашните денес е симбол на луксуз и креативност, а Американците го прифатиле речиси како „национално јадење“ затоа што истражувањата покажуваат дека 93 отсто од нив јадат пица барем еднаш месечно, додека пак 13 отсто од нив не можат да го замислат денот без неа.
Рекордни и фасцинантни бројки
Пред една година во Лос Анџелес направена била најголемата пица на светот, со површина од 1.296 метри квадратни.
Се користело 6.193 килограми тесто, 2.244 килограми доматен сос, 3.992 килограми кашкавал и дури 630.400 парчиња салама, што беше запишано во Гинисовата книга на рекорди.











