Заев поднесе тужби против Петрушевски и Жан Митрев: Надоместокот ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

Макфакс

25/02/2026

15:40

1.613

Големина на фонт

а а а

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.

„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.

Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.

Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.