Ригидниот Ханси Флик вовел рекордна казна за играчите кои доцнат на тренинзите и состаноците

Дерби

25/02/2026

13:24

297

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик се прослави со своите ригидни правила и жестоки казни во Барселона уште за време на првата сезона во клубот, но бидејќи дел од ѕвездите не ги сфатија истите сериозно и во неколку наврати плаќаа пенали, Германецот одлучил да воведе најголема казна во историјата на првиот тим.

Германскиот стручњак е познат како строг работник кој бара максимална професионалност од своите фудбалери, а посебно не му се допаѓа кога некој доцни на закажаните тимски состаноци и на тренинзите.

Педри и Феран Торес во програта „Ел Ормигеро“ открија дека Ханси Флик е посебно ригорозен кога станува збор за доцнење на денот кога се игра натпреварот, па за таков престап, играчите плаќаат казна од 40 илјади евра за доцнење од само десет минути.

– Има мала промена и во правилата за точност. Ако задоцните до десет минути, секако плаќате дебела казна, – откри Педри, а Феран се надоврза и откри дека станува збор за казна од 40 илјади евра.

– Сите знаеме колку се плаќа за доцнење до десет минути. Не сакам ниту да замислам колку пари ќе не чини ако задоцниме 20 минути, – порача Феран Торес.