Црногорскиот пратеник Никола Зиројевиќ од Социјалдемократите на Црна Гора, во Црногорското собрание ја пофали македонската влада како позитивен пример со реални и мерливи резултати.
Тој во својот говор, истакна дека Македонија иако користи сопствена валута, ја намалила инфлацијата под 3%.
„Ја следам македонската политичка сцена од одредени причини и за разлика од Црна Гора, Македонија има способна влада. Македонската влада за краток временски период од изборите до денеска успеа со сопствената валута да ја спушти инфлациајата под три отсто и има статистика дека 93 отсто од граѓаните на Македонија не работат во недела. Имаме ли ние таква статистика? Дали некој од нас се занимава со тоа? Зошто вие како претставници на парламентарното мнозинство, како пратеници на власта не понудите некоја статистика па да ни кажете колку луѓе во Црна Гора не работат во недела. Ние таа статистика очигледно ја немаме бидејќи со тоа тука никој не се занимава. Македонија има способна влада со реални и мерливи резултати, а Црна Гора има влада ваква каква што е“, посочи Зиројевиќ.








