Мендиета за трансфер желбата на „кралевите“: Тешко дека ќе се пресели во Реал…

Дерби

19/02/2026

10:55

206

Големина на фонт

а а а

Поранешниот шпански репрезентативец, Гаизка Мендиета даде свој коментар за играчот кој во последно време се повеќе се споменува како потенцијално засилување за Реал Мадрид.

Медиумите во Мадрид и оние кои добро ги познаваа состојбите во таборот на „кралевите“ во изминатиов период пренесуваа за можноста Родри да заврши на „Бернабеу“. Некогашниот најдобар фудбалер на светот има договор со Манчестер Сити до 2027 година и тука Реал гледа своја шанса да успее да го донесе во своите редови.

Мендиета како човек кој добро ги познава состојбите во шпанскиот и англискиот фудбал не е убеден во тоа сценарио и смета дека ако фудбалерот за врска реши да го напушти „Итихад“ ќе преферира да заврши во Барселона.

- Кога ќе го напушти Манчестер Сити, би можел да го замислам како договор со клубот, а постои и голема поврзаност со Барселона. Таму беше Чики Бегиристајн и секако Пеп Гвардиола, но сепак ќе зависи лично од Родри. Сепак мислам дека ќе му биде тешко да се приклучи на Реал Мадрид.

- Лично, мислам дека е тешко да се замисли дека [неговото заминување] ќе се случи, особено познавајќи го Родри, како е поврзан со клубот и сè друго. Би морало да биде многу екстремна ситуација каде што тој е принуден да замине, наместо да замине само затоа што сака. Мислам дека сака да остане таму и сака да игра на нивото што го играше кога беше во трка за Златната топка и медалите од Лигата на шампионите. Затоа мислам дека како играч тоа е негов предизвик, и тоа е она што сака да си го докаже себеси и за клубот и за навивачите, - порача Шпанецот.