Реал Мадрид ја совлада Бенфика во првиот натпревар од 1/16 финалето на Лигата на шампионите, но никој не зборува за играта, резултатот и во фокусот е тоа што му се случи на Винисиус Жуниор во дуелот со Џанлука Престијани.
Бразилецот обвини за навреда на расна основа со тоа што Аргентинецот тоа го негираше и сигурно допрва ќе се утврдува што е вистина во оваа ситуација и дали има основа за да играчот на Бенфика биде санкциониран.
Во меѓувреме има многу коментари, реакција, а со свој став спротивен од оној на клубот за кој долго време настапуваше и беше лидер, капитен се јави Луисао. Дефанзивецот мина 15 години како член на великанот од Лисабон и како човек чиј збор тежи обвини дека Престијани лаже и дека имало расизам од негова страна.
- Овој дрес е преголем. Ја сакам Бенфика, таа е мојата втора кожа, но мора да бидете достојни да го носите дветиот дрес. И овој текст [од Престиани] прави [сè] полошо затоа што е лага. Фудбалот се добива со храброст, со борбен дух. Тоа беше расистички чин, да, и се срамам од тоа.
- Го бранам клубот и имам искуство, знам за што зборувам. Не осудувам никого. Само велам дека Бенфика е преголема за да биде вклучена во ова, без разлика дали е вистина или не. Иако, од искуство, ја знам вистината.
- Колку пати си славел? Не заборавај дека удобната работа е за оној со најмногу титули и кој најмногу го сака овој клуб. Јас дури и нема да одговарам [на навреди], за мене ти си ништо. Никој, - порача Бразилецот.








