[ФОТО] Се споделува загрижувачка мапа од Европа: Македонија обоена во зелено и портокалово - што значи тоа?

Точка

19/02/2026

20:43

2.310

Големина на фонт

а а а

Најновата објава на популарната Инстаграм страница „Very_useful_maps“, која ја следат стотици илјади луѓе, повторно предизвика лавина од коментари и дискусии низ цела Европа.

Во објава со наслов „Европа старее, додека стапките на наталитет продолжуваат да паѓаат“, авторот користи две тематски карти за да ја претстави мрачната демографска слика на континентот.


Според податоците на „Eurostat“, Хрватска е меѓу трите земји од ЕУ кои забележале најголемо зголемување на бројот на постари лица во последната деценија.

Првата карта овде го покажува уделот на населението над 65 години, а на неа Maкедонија е во зелена зона со 18 проценти население над 65 години.

Меѓу земјите со најнизок процент на жители над 65 години се Косово со 10 проценти и Турција со 10,2 проценти.

Втората мапа, која ја покажува стапката на фертилитет за 2025 година, дополнително ја продлабочува загриженоста. Иако стапката од 2,1 е потребна за демографска обнова, поголемиот дел од Европа бележи значително пониски бројки. Македонија е во категоријата со стапка помеѓу 1,5 и 1,6, што е далеку од нивото потребно за одржување на стабилно население, но сепак не е меѓу најлошите.


Монако се издвојува како исклучок, со стапка на фертилитет од 2,1 што е над европскиот просек, што се должи на малото население и големиот дел од богатите семејства кои не се соочуваат со истите пречки како повеќето млади луѓе во Европа.