[ВИДЕО] Дете висеше од жичарата на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Макфакс

19/02/2026

08:05

622

Големина на фонт

а а а

Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.

Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичарата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.


Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.

Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.

Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.