Времето релативно студено, но со сонце – ноќва почнуваат нови врнежи

Нетпрес

19/02/2026

07:06

394

Големина на фонт

а а а

Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови, ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег

Времето претпладнево ќе биде ведро и студено, а во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од југоисточен правец.

Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови, како и утре, под влијание на нов влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег, прогнозира УХМР.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови (до 25 l/m²), а локално ќе има услови за појава на грмежи

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.