УНЕСКО го опиша како „симбол на помирување“, меѓународна соработка и соживот на различни културни, етнички и религиозни заедници“.
Различните градби што луѓето низ историјата ги граделе не нѝ се само од корист туку и претставуваат цврст доказ за нашата креативност и иновативни инженерски вештини, пишува „Тајм Аут“.
Мостовите се одличен пример за тоа, а воедно многумина од нив се и глетки што оставаат без здив.

Затоа „Тајм Аут“ ја состави листата на најимпресивните меѓу нив. Од препознатливите знаменитости како Сиднејскиот заливски мост и Бруклинскиот мост до оддалечени скандинавски градби кои се хибрид од галерија и мост, како и автохтоните перуански висечки мостови од јажиња, ширум светот постојат многу градби вредни за восхит.

Но, кога станува збор за мостовите кој е најубавиот во цел свет? Според Тајм Аут тоа е „Стари мост“ во Босна и Херцеговина. Неговото име буквално значи „стар мост“, иако всушност не е толку стар.

„Градот Мостар е именуван по Стариот мост, чиј блед камен лак се издигал речиси 25 метри над реката Неретва од 1566 до 1993 година“, пишува соработничката на „Тајм аут“, Обрн Скалон.

„Трагично, мостот бил цел и уништен за време на војната во Босна во 1993 година, но локалната гордост и меѓународното финансирање помогнале да се обнови саканата градба помеѓу 2001 и 2004 година, вклучително и со камен земен од реката под мостот“, додаде Скалон.
Според УНЕСКО, мостот, кој е на списокот на светско наследство (го доби овој статус во 2005 година), претставува „симбол на помирување, меѓународна соработка и соживот на различни културни, етнички и религиозни заедници“.

На листата се најдоа и мостот „Double Decker Route Bridge“ во Индија, „The Golden Bridge“ во Виетнам и „Circle Bridge“ во Данска, а целосната листа погледнете ја тука.










